Дома Фудбал Англија Арсенал ќе го промовира новиот тренер најмногу за – 28 дена!

Арсенал ќе го промовира новиот тренер најмногу за – 28 дена!

0
arteta

„Скај Спорт“ пренесува новости на темата – нов тренер на Арсенал!

Се појасно станува дека прв избор на Арсенал за наследник на Арсен Венгер е Микел Артета.

Постоеа и гласини дека Манчестер Сити нема да им дозволи на „топчиите“ да го доведат Шпанецот, бидејќи е познато дека во овој момент Артета работи како помшник на Гвардиола во редовите на „граѓаните“.

Од извори блиски до клубот се појави и вест дека Артета е прв фаворит и голема желба на претседателот.

Реномираниот „Скај“ пренесува дека започнала втората рунда на преговори помеѓу Артета и Арсенал во која Шпанецот му било соопштено дека на располагање ќе има буџет од 50 милиони фунти. Секако, сумата би била зголемена со евентуална продажба на некој играл.

Покрај тоа во веста се тврди дека Арсенал сака прашањето со новиот тренер да биде решено пред почетокот на Мундијалот. Во превод тоа значи дека за најмногу 28 дена во Лондон ќе биде претставено новото тренерско име.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Англија

Проверете

Страшен тим: Ова се најдобрите 11 фудбалери кои нема да одат на СП!

Љубителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат почетокот на Светското првенство, а некои…