Дома Топ вести Арсенал се засилува од Шпанија: Барди и уште двајца играчи на списокот на Артета

Арсенал се засилува од Шпанија: Барди и уште двајца играчи на списокот на Артета

Арсенал ова лето ќе се насочи кон шпанскиот пазар за засилување на средниот ред, пренесуваат медиумите на Островот.

Тренерот Артета „фрли око“ на неколку фудбалери од шпанската Примера, меѓу кои и нашиот репрезентативец Енис Барди.

Примарна цел на „топџиите“ е играчот на Атлетико Мадрид, Томас Парти. 27-годишниот Африканец има откупна клаузула од 47 милиони фунти, па Арсенал може да го донесе само доколку е спремен да ја плати оваа сума.

Друг играч на листата е македонскиот репрезентативец Енис Барди од Леванте. Шпанските медиуми пренесуваат дека Арсенал веќе спремил понуда од 20 милиони евра, што се претпоставува дека ќе ги задоволи апетитите на Леванте.

Третиот фудбалер на радарот на Артета е ѕвездата на Еспањол, Марк Роха. За него постои интерес од многу европски гиганти и неговата цена драстично ќе падне доколку Еспањол испадне од Примера.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ОФИЦИЈАЛНО: Работнички ја наполни касата, Тошевски е нов играч на Ростов!

Работнички уште една голема зделка – Давид Тошевски е нов играч на Ростов. 18 годишниот То…