Дома Фудбал Англија Арсенал преку Сити до финале со лондонски шмек во ФА Купот (видео)

Арсенал преку Сити до финале со лондонски шмек во ФА Купот (видео)

Арсенал е вториот финалист во ФА купот, откако во полуфиналето со пресврт и по продолженијата го победи Манчестер Сити со 2:1. Стрелци за Арсенал беа Начо Монреал и Алесис Санчез, а за Сити погоди Серхио Агуеро.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Првиот дел од полуфиналната пресметка на Вембли му припадна на Манчестер Сити, кои се заканија преку Давид Силва и Серхио Агуеро но резултатот не се менуваше. Во првото полувреме, имаше и една спорна ситуација кога судиите го поништија голот на Стерлинг.

Второто полувреме донесе многу подобра игра на Арсенал, но и гол во нивната мрежа. Јаја Туре со долга топка го спои со голот Агуеро, а Аргентинецот лесно го префрли Чех.

Серхио Агуеро го постигна својот 12-ти гол на последните 12 натпревари за Сити.

Арсенал многу бргу одговори на предизвикот, Окслејд-Чембрлен нафрли од десната страна, на топката налета Монреал и закова во мрежата.

До крајот на регуларниот дел рамката на голот го спаси Арсенал од пораз, најпрвин Јаја Туре го погоди десниот дирек, а потоа ударот на Фернадињо со глава заврши во гредата.

Имаше и Арсенал шанса во финишот но ударот на Велбек заврши крај голот на Клаудио Браво.

Продолженијата од 2×15 минути во целост му припаднаа на Арсенал. Дефанзивецот Роб Холдинг упати удар со глава кој заврши на голот, а веќе во следната акција, во 100-та минута, најдбро се снајде по една мешаница пред голот на Сити и ја смести топката во мрежата.

До крајот на натпреварот од дистанца се обидоа Де Брујне и Делф но Чех остана несовладан.

Арсенал во финалето ќе игра против Челзи, кој во саботата го победи Тотенхем со 4:2. Финалето ќе се одигра на Вембли, на 27.мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Како да типувате на Светско првенство 2026? Погледнете на Kladenje.mk! (Видео)

Светското првенство 2026 ќе биде најголемото во историјата на фудбалот. За првпат ќе учест…