Дома Топ вести Арсенал и Манчестер Јунајтед го следат дефанзивецот на Јувентус

Арсенал и Манчестер Јунајтед го следат дефанзивецот на Јувентус

Дефанзивецот на Јувентус, Мерих Демирал иако не добива голема минутажа оваа сезона, сепак се повеќе го привлекува вниманието на европските гиганти.

Демирал ова лето пристигна во Јувентус од Сасуоло и одигра одлично во претсезоната, но не може да се избори за голема минутажа покрј големата конкуренција.

Последните информации се дека Арсенал и Манчестер Јунајтед покажуваат сериозен интерес за турскиот репрезентативец и испратиле скаути да го следат денес на натпреварот против Исланд.

Јувентус нема да сака лесно да се откаже од 21-годишниот дефанзивец, но самиот Демирал е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.

Јунајтед и Арсенал не се единствените клубови кои го сакаат Турчинот, за него силен интерес покажува и Милан. Па се очекува овие клубови да исптратат конкретни понуди во зимскиот преоден рок.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дефанзивецот на Милан се сели во Наполи

Раководството на Милан е спремно да направи големи промени во тимот во зимскиот преоден ро…