Дома Топ вести Арсенал го пушта Озил по „дисконтна“ цена – само еден клуб е заинтересиран

Арсенал го пушта Озил по „дисконтна“ цена – само еден клуб е заинтересиран

Месут Озил го загуби местото во првиот тим на Арсенал, бидејќи Емери смета дека не е константен и дека ја успорува играта на тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот тврди дека Озил во моментов е повреде, но англиските медиуми пренесуваат дека има проблем со завистиност од видео игри, па поради тоа Емери не го става ни на клупата за резерви.

Минатото лето Германецот потпиша нов договор со „топџиите“ и стана најплатен фудбалер во тимот, но од клубот ја сфатија грешката и се спремни да го пуштат за симболична сума.

Сепак, високата плата на Озил е проблем за останатите клубови, па во моментов Интер е единствен клуб кој е заинтересиран за него.

Сепак и „нероаѕурите“ не се спемни да му понудат толку висока плата, па Озил доколку сака да се пресели во Милано ќе треба да се откаже од дел од своите примања.

Во спротивно ќе ја грее клупата на Арсенал, кој веќе му ја отворил излезната врата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…