Дома Фудбал Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потврди холандскиот стратег.

45-годишниот стратег кој го води Феенорд од клупата е во преговори со Ливерпул и потврди дека чека двата клуба да постигнат конечен договор.

„Би сакал да станам нов тренер на Ливерпул, мојата одлука е јасна. Феенорд и Ливерпул се во преговори, чекам да видам што ќе се случи. Уверен сум, чекам клубовите да се договорат“, изјави Слот.

Слот преку Камбур и АЗ Алкмар стигна до Феенорд во 2021 година и постигнува одлични резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бриж застана на врвот: Леко го повтори стартот од шампионската сезона

Со три гола пред паузата, Бриж го скрши Зулте Варегем и славеше со 4:2. Тимот на Иван Леко…