Дома Фудбал Англија Арнаутовиќ надвор од теренот месец дена

Арнаутовиќ надвор од теренот месец дена

Напаѓачот Марко Арнаутовиќ во наредните месец дена нема да биде на располагање на својот Вест Хем. Имено, Арнаутовиќ заработи незгодна повреда на задната ложа и нема да биде од помош на својот тим.

Арнаутовиќ се повреди на дуелот помеѓу Вeст Хем и Кардиф, кој заврши 3:1.

Поради повредата теренот мораше да го напушти во 40. минута, а можно враќање се споменува 5. јануари следната година.

Менаџерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини ја потврди оваа информација и истакна дека за месец дена очекува да се врати во тимот.

Да потсетиме, Арнаутовиќ во Вест Хем стигна во 2017. година од Стоук, а во последно време се поврзува со италијанска Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дембеле и Кварацхелија први на удар: Луис Енрике воведе сурово правило во ПСЖ

Откако минатата сезона освои сè што можеше да се освои, Луис Енрике не дозволува опуштање …