Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Арнаутовиќ: Австрија сака повеќе од осминафинале, не им се плашам на Киелини и Бонучи

Арнаутовиќ: Австрија сака повеќе од осминафинале, не им се плашам на Киелини и Бонучи

Утре ќе започнат осминафиналните натпревари на Европското првенство, а еден од тие дуели ќе го играат Австрија и Италија.

Италијанците се во страшна од пред почетокот на ЕП, а трите натпревари во групната фаза ги одиграа без примен гол и запишаа три победи.

„Не ме загрижува тоа што Италија е во серија од 11 натпревари без примен гол. Ние знаеме да играме фудбал и ќе се сретнеме со силна екипа од светска класа. Имаат фантастичен менаџер како Манчини, а статистиката покжаува дека се неверојатен тим. Сепак, тука се само 90 минути и кој ќе победи ќе оди понатаму“.

„За да успееш не треба да се плашиш, затоа и јас не се плашам од Киелини и Бонучи. Долго време играат заедно, „дишат“ како едно…Можеби Киелини нема да игра, но тука е Ачерби кој исто така е одличен фудбалер. Но, како што кажав не се плашам, дојдовме до осминафиналето сакаме и повеќе“, изјави Арнаутовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Ѕвездата на Реал е навивач на Барселона: Плачеше поради Барса

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е навивач на Барселона, тврди бившиот скаут на Ка…