Дома Фудбал Арда Ѓулер по спектакуларниот гол доби повик – најмоќниот човек во Турција! 🎥

Арда Ѓулер по спектакуларниот гол доби повик – најмоќниот човек во Турција! 🎥

Tурција вчера ја победи Грузија со 3:1 во рамките од првото коло на Европското првенство, а најдобар на теренот во овој натпревар беше младиот ас на Реал Мадрид, Арда Ѓулер.

Ѓулер беше стрелец на вториот гол за Турција и тој беше вистински еврогол. Во самата завршница, Турција само ја потврди победата.

Веројатно тој гол на Ѓулер беше и најубавиот досега на првенството, иако имаше и уште неколку одлични погодоци (ТУКА).

Во интересна ситуација, младиот фудбалер се најде во соблекувалната на Турција каде што доби повик од најмоќниот човек во неговата земја, претседателот Ердоган. Ердоган му честиташе за одиграното и им посака среќа во следните натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл го скрши Палас по паузата, Саж под уште поголем притисок

Осулa и Барнс ја донесоа победата од 2-0 на „Селхарст парк“, со која Њукасл се искачи на с…