Дома Фудбал Аргентина не победи, па Меси критикуваше: Теренот беше ужасен, топката застануваше!

Аргентина не победи, па Меси критикуваше: Теренот беше ужасен, топката застануваше!

Репрезентацијата на Аргентина одигра 1:1 против Венецуела во рамките од 9. коло од квалификациите за Мундијалот во 2026.

Меси имаше критики за соиграчите, но ги критикуваше и организаторите на средбата.

„Не успеавме да врземе две додавања во низа. Топката застануваше од водата на теренот. Тешко е да се игра во вакви услови“, изјави Меси.

Аргентина до водство дојде со голот на Николас Отаменди во 13. минута, а изедначи Саломон Рондон во 65. минута.

Сепак и покрај ремито Аргентинците останаа лидер на табелата со 19 бода, три повеќе од Колумбија која во ова коло претрпе пораз од Боливија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дуран го реши Хибернијан, Селтик повторно избега на плус четири

Селтик со пресврт славеше на гостувањето кај Хибернијан и ја врати предноста од четири бод…