Дома Фудбал Англија Анчелоти со поддршка за Мурињо: Ја разбирам неговата реакција!

Анчелоти со поддршка за Мурињо: Ја разбирам неговата реакција!

0

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти ја прокоментира реакцијата на Мурињо после мечот помеѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед во Лигата на шампиони.

Португалецот после последниот свиреж се дрзна да ги провоцира домашните фанови, кои го навредуваа во текот на целиот натпревар.

Мурињо? Нормално е да реагираш на таков начин откако си бил навредуван во текот на 90 минути. Проблемот е во културата. Не им се обраќам само на фановите на Јуве, бидејќи истите работи се случуваат и во Неапол и Милано. Треба да го доживуваме фудбалот како спорт“, истакна Анчелоти, кој и самиот беше навредуван на гостувањето кај Јувентус.


Следете го Sportski.mk и на


„Задоволен сум од тоа што го прави мојот тим во сега. Очекувам тежок меч утре против Џенова, бидејќи е тешко да најдеш мотивација против тим кој не е од калибарот на ПСЖ“, додаде Италијанецот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нејмар конечно се огласи за „конфликтот“ со Кавани

Двете ѕвезди на Пари Сент Жермен, Едисон Кавани и Нејмар имаа непријатен „дуел“ за време н…