Дома Фудбал Анчелоти проговори за ситуацијата на Асенсио

Анчелоти проговори за ситуацијата на Асенсио

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти потврди дека има шанси Марко Асенсио да си замине од клубот до крајот на преодниот рок.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Договорот на Асенсио истекува следното лето, Реал сака да го продаде, а Шпанецот во Мадрид има статус на резерва.

Шпанските медиуми тврдат дека неколку клубови го сакаат Асенсио, а најсилен е интересот на Манчестер Јунајтед.

„Мислам дека во моментов Марко чека да види дали ќе остане или ќе си замине од клубот. Ако не замине, тој останува 100% наш фудбалер во следната сезона“, изјави Анчелоти.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал за неговата слобода бара помеѓу 25 и 30 милиони евра, сума која Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекторот Таневски објави списокот на фудбалери, Македонија ќе игра против САД!

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 20 години, Александар Таневски, го објави …