Дома Фудбал Италија Анчелоти потврди: Ја одбивме понуда од ПСЖ!

Анчелоти потврди: Ја одбивме понуда од ПСЖ!

Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти ги увери фановите дека бразилскиот играч за врска ќе остане во тимот, иако се поврзува со трансфер во Пари Сент Жермен.

ПСЖ за Алан понуди приближно 100 милиони евра и му гарантира три пати повисока плата, но Наполи не сака да слушне за трансфер на Бразилецот.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Алан е многу важен играч за нас и неговата важност ќе биде уште поголема во вториот дел од сезоната. Немаме намера да го продаваме. Да, понудата на ПСЖ беше вистина, но ако понудата не е прифатлва за клубот, нема да има трансфер“.

„Наполи ќе ја прифати молбата на Алан да си замине, ако тој сака. Но немаме проблеми со играчот. Де Лаурентис не сака да ги продава важните играчи“, изјави Анчелоти.

Сепак, Алан е надвор од тимот за утрешниот дуел со Милан на „Сан Сиро“.

„Тој не тренираше адекватно, имаше тешка недела. Го оставивме во Неапол, за да се подготвува за мечот во Купот“, образложи Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го прегази Баерн, Атлетико шокиран во Мадрид🎥

Дербито на вечерта во Лигата на шампиони се играше во Барселона, каде каталонскиот гигант …