Дома Фудбал Анчелоти потврди дека не е во добри односи со Гатузо

Анчелоти потврди дека не е во добри односи со Гатузо

Во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Валенсија, а тоа ќе биде дуел на старите познаници Анчелоти и Гатузо.

Двајцата цели десет години соработуваа заедно во Милан и освоија многу трофеи, а Гатузо во неколку наврати истакна дека Анчелоти му е како втор татко.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Меѓутоа, проблемите помеѓу нив настанале во 2019 година, кога Гатузо го наследи Анчелоти на кормилото на Наполи.

„Со Гатузо имавме прекрасни моменти во Милан, но сега односот не ни е добар, бидејќи имавме одредени проблеми во минатото. Но, не би сакал да зборувам за тоа, тоа се лични работи за кои и не мора да знаете“, изјави Анчелоти.

Не се лични проблеми. Кога јас го преземав Наполи имавме проблем околу работата. Од моја страна, тој знае дека неизмерно го почитувам и немам никаков проблем со него“, изјави Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алпарслан делумно ја доби тужбата со Шкупи – чаирчани треба да му исплатат 43.000 евра!

Комората на ФИФА за статус на играчи донесе одлука со која тужбата на турскиот тренер Ерде…