Дома Фудбал Анчелоти: Најдобрите тројца играчи во светот играат за Реал Мадрид

Анчелоти: Најдобрите тројца играчи во светот играат за Реал Мадрид

Реал Мадрид во овој момент е првопласиран на табелата во Ла Лига со 61 бод, а за викендот ја победи екипата на Жирона со убедливи 4:0.

Тренерот Карло Анчелоти секако беше задоволен од изданието на неговите фудбалери против вториот тим на табелата, а истакна и дека според него тројцата најдобри фудбалери во светот во овој момент го носат дресот на Реал Мадрид.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Винисиус, Белингам и Родриго во овој момент се најдобрите играчи на светот. Потоа тука се Тони Крос, Федерико Валверде, Едуардо Камвинга…“, изјави Анчелоти.

Новинарите ги интересираше дали Килијан Мбапе ова лето конечно ќе го облече дресот на Реал Мадрид.

„Вие зборувате за други клубови, но јас зборувам за играчите само од мојот клуб. Правам се за да го извлечам најдоброто од нив и ми изгледа дека добро ми оди во тоа“, порача италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона спреми нов договор за Араухо

Барселона сака во најскоро време да го продолжи договорот со дефанзивецот, Роналд Араухо, …