Дома Фудбал Анчелоти: Имаме подобар тим од минатата сезона

Анчелоти: Имаме подобар тим од минатата сезона

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е задоволен од засилувањата и истакна дека оваа сезона има посилен тим.

Реал Мадрид летово ги ангажираше Антонио Рудигер и Орелиен Чуамени, откако претходно не успеа да го купи Килијан Мбапе.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Нашиот тим е комплетиран. Имаме многу добри фудбалери и подобар тим од минатата сезона. Зголемен е и интензитетот на тренинзите, очекуваме добра сезона“, кажа Анчелоти.

„Многу ми се допадна Антонио Рудигер како лев бек. Не сум луд и знам дека тоа не е негова позиција, но тој е многу интелигентен. Тој може да игра на таа позиција или да ги замени местата со Давид Алаба, кој ќе игра на позицијата лев бек, но само кога е потребно. Не сакам да ја менувам централната дефанзивна двојка од минатата сезона“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Далиќ искрен: Имаме хиерархија, Петковиќ не требаше да го шутира пеналот

Хрватска доживеа тежок пораз од 3:0 од Шпанија вчера во Берлин на отворањето на Европското…