Дома Фудбал Англија Анчелоти: Арсенал? Се зависи од понудата

Анчелоти: Арсенал? Се зависи од понудата

Повеќемесечните шпекулации за судбината на Арсен Венгер денес добија конечен епилог. Французинот соопшти дека по повеќе од 20 години ќе се повлече од позицијата менаџер на Арсенал, а со тоа е дадено и зелено светло за разработка на сите можни сценарија за тоа кој ќе биде неговиот наследник.

Во морето имиења се најде и името на Карло Анчелоти. Италијанецот е без ангажман откако на крајот на изминатата година се разиде со Баерн, а Британците тврдат дека сега би можел да се врати во Англија и да го преземе Арсенал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


По ова прашање се огласи и самиот Анчелоти.

„Венгер влезе во историјата и мора да му се оддаде признание за се што направи за Арсенал. Топчиите знаат што им следува, а ако сум јас во нивните планови, тогаш ми е драго. Но, во овој момент не постои ништо повеќе од тоа“, истакна Анчелоти и додаде:

„Мојата иднина зависи од шансите и проектите кои ми се претставени. Не е се до мене“.

За потсетување, Анчелоти во Англија веќе имаше шанса да работи од 2009. до 2011. година кога го предводеше Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алонсо се враќа на „Енфилд“ и веднаш го променува составот, две големи ѕвезди можат да си заминат

Британските медиуми пишуваат дека иднината на Арне Слот е ставена под голем прашалник по р…