Дома Фудбал Антони исклучен од репрезентацијата, поранешната девојка го обвинува дека ја тепал поради љубомората кон Нејмар

Антони исклучен од репрезентацијата, поранешната девојка го обвинува дека ја тепал поради љубомората кон Нејмар

Габриела Каваљин, поранешната девојка на ѕвездата на Манчестер јунајтед, Антони тврди дека нејзиното поранешно момче било бесно поради тоа што таа ги следела Инстаграм постовите на неговиот соиграч од репрезентацијата, Нејмар, и го обвини дека ја тепал додека таа била бремена.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ова е последна во низата тврдење на 23-годишната Каваљин за физичкото и психолошкото насилство кое го трпела од Антони, кого го пријави во бразилската полиција.

Таа додава дека тој бил бесен што таа споделувала постови од блискиот пријател на Нејмар, Жил Себола, на што Антони реагирал бесно.

Обвиненијата на Каваљин се поголеми од обична љубомора кон Нејмар – Антони е обвинет дека ја удрил со глава девојката и дека ја исекол со скршена чаша.

„Тој ми кажуваше дека ако не сум со него, нема да сум со никого. Му кажав дека сум бремена, дека ме плаши, се тресев од страв.

Еднаш ме удри во градите и морав да одам на операција за силиконот. Потоа ме заклучи дома, ми ги искрши работите ми го зеде пасошот“, вели Каваљин за „УОЛ“.

Поради тоа првотимецот на Манчестер Ј.,е исклучен од репрезентацијата на Бразил за септемвриските натпревари.

Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед беше повикан за натпреварите против Боливија и Перу, но на веб-страницата на Бразилската фудбалска конфедерација се појави информацијата дека наместо него во тимот е повикан Габриел Жесус од Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Индија отстранета огромна статуа од Меси висока 20 метри (Видео)

Импресивна статуа на аргентинската фудбалска ѕвезда Лео Меси, висока 20 метри, беше отстра…