Дома Македонски спорт Мак баскет Антиќ со една фотографија го потврди наследникот на Давитков? (ФОТО)

Антиќ со една фотографија го потврди наследникот на Давитков? (ФОТО)

0

Oд вчера кошаркарскара репрезентација на Македонија е без селектор, претседателот Перо Антиќ потврди дека Јорданчо Давитков си заминува од функцијата селектор и ако судиме според најавите неговиот наследник веќе е познат.

Уште веднаш по објавувањето дека Давитков нема да биде селектор започна да се споменува Октај Махмути кој во својата кариера ги водеше Анадолу Ефес, Бенетон, Даушафака и Галатасарај.

Вчера вечер изгледа дека и Антиќ со една фотографија објавена на социјалните мрежи потврди дека Махмути ќе биде новиот предводник на репрезентацијата.

И во минатото Махмути се поврзуваше со селекторското столче, меѓутоа од кошаркарската федерација не успеаа да го убедат да се впушти во репрезентативните води. Сега тој е без ангажман, па изгледа одлучил да седне на клупата на репрезентацијата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Давитков жестоко по отказот: Кога беше тешко Антиќ ми кажа да одам на плажа и да одмарам!

Денес првиот човек на кошаркарската федерација Перо Антиќ објави дека на сегашниот селекто…