Дома Кошарка Антиќ по јубилејниот настап и победата: Големо благодарам до „Делии“

Антиќ по јубилејниот настап и победата: Големо благодарам до „Делии“

Македонскиот кошаркарски интернационалец, Перо Антиќ синоќа го одигра јубилејниот 100-ти настап за Црвена Звезда, во која освојувачот на АБА лигата, дојде до победа над Макаби Тел Авив во Белград со 87:84.

Антиќ на паркетот одигра нешто повеќе од 20 минути, успевајќи да реализира седум поени, три скокови и две асистенции, на кои придодаде и една блокада.

„Уште како дете имав сон да одиграм барем еден натпревар за овој тим. За мене претставува чест и привилегија што имам 100 натпревари за Црвена Звезда. Огромно благодарам до „Делии“ за поддршката низ изминатите години“, истакна Антиќ по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Порзингис се трга од кошарката: „Здравјето мора да биде на прво место“

Летонскиот центар го прекинува играњето поради здравствени проблеми, но засега не соопшти …