Дома Фудбал Лига на шампиони Ансу Фати го пропушта натпреварот против Баерн

Ансу Фати го пропушта натпреварот против Баерн

Лоша вест пристигнува за Чави и Барселона пред гостувањето во Минхен во клучниот натпревар од Лигата на шампионите.

Каталонците за гостувањето во Минхен нема да може да сметаат на Ансу Фати. Докторскиот тим на Барселона потврди дека Фати сигурно нема да биде спремен за натпреварот на „Алијанц Арена“. Добра работа за Барса е што Дембеле се враќа.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Барселона против Баерн мора да победи ако сака да биде сигурна дека оди во нокаут фазата, во спротивно ќе зависи од Бенфика која ќе игра против Динамо Киев. Баерн резултатски растеретено влегува во овој дуел затоа што баварците веќе го обезбедија пласманот во следната фаза и со пет победи во пет натпревари се лидери во групата.

Ќе потсетиме поради ковид протоколите овој натпревар ќе се игра без присуство на публика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Екипата на Реал ја изненадија управата – му изразија поддршка на Алонсо

Реал Мадрид во неделата успеа да го победи тимот на Алавес на гостински терен со резултат …