Дома Фудбал Андреа Пирло пред нов ангажман во Серија А

Андреа Пирло пред нов ангажман во Серија А

Италијанските медиуми најавуваат дека Андреа Пирло после неуспешната авантура на клупата на Јувентус ќе има нов ангажман во Серија А и тоа како тренер на Сампдорија.

На местото на Клаудио Раниери во Сампдорија дојде Роберто Д’Aверса, меѓутоа добрите резултати не продолжија па како што стојат работите се подготвува отказ за него. Според најавите од Италија прв избор е Пирло.

Отказ Д’Аверса би можел да заработи уште викендов ако не победи. Пирло во претходниот период се поврзуваше со Барселона, меѓутоа поради финансиските проблеми Каталонците не можат да си дозволат отказ за Куман па Холанѓанецот се уште е на клупата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Амити со два гола ја предводеше Македонија У15 до стартни 4:1 во Баку

Македонската селекција до 15 години ја совлада Панама на почетокот од турнирот во формат 7…