Дома Фудбал Репрезентации Андоновски имаше успешно деби со светските шампионки (ВИДЕО)

Андоновски имаше успешно деби со светските шампионки (ВИДЕО)

Влатко Андоновски кој неодамна стана селектор на женската репрезентација во фудбал на САД која е најтрофејна селекција во женскиот фудбал и актуелен светски шампион на клупата дебитираше со победа.

Андоновски со САД запиша победа против Шведска од 3:2.

Американските поведоа после само шест минути игра, а веќе после половина час имаа и 3:0. Два гола постигна Лојд, еден беше дело на Прес.

Во вториот дел Андоновски направи неколку замени, неговата селекција не постигна гол, а два прими во период од четири минути во 75-тата и 79-та за конечни 3:2.

Лојд имаше шанса за хет-трик меѓутоа не реализираше пенал.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Офанзивен и моќен тим: Најдобрата 11-ка од странците кои играле во Премиер лигата (ФОТО)

Во месецот кој само што започна ќе се вратат најдобрите првенства во Европа, а помеѓу нив …