Дома Фудбал Англија Англија се чуди: Со што Погба заслужи да биде во идеалните 11 на сезоната?

Англија се чуди: Со што Погба заслужи да биде во идеалните 11 на сезоната?

0

Денес беше објавен идеалниот тим за оваа сезона во Премиер лигата и таа донесе големи изненадувања.

За прв во историјата само три клуба имаат свои претставници во најдобриот тим, а тоа се Манчестер Сити, Ливерпул и Манчестер Јунајтед. „Граѓаните“ имаат шест играчи, „црвените“ четири и „црвените ѓаволи еден. Токму тој е еден на Манчестер Јунајтед крена голема прашина.

Пол Погба според многумина не заслужи место во овој тим. Францускиот играч за врска најдобро играше во првите 11 натпревари на Солскјер кога Норвежанецот го замени Мурињо и стигна до 10 победи во тие натпревари. Потоа следуваше црна серија на Јунајтед кој после вчерашниот пораз од Манчестер Сити изгуби на седум од последните девет натпревари. Погба во поголемиот дел од оваа сезона играше многу полошо отколку за играч од 105 милиони евра, колку што плати Јунајтед за него.

Изборот на најдобрите 11 станува уште повеќе чуден кога ќе видиме дека таму го нема Еден Азар. Ѕвездата на Челзи учествуваше во најмногу голови од сите играчи во Премиер лигата оваа сезона. И Челзи денес го истакна истиот податок.

Изборот на Погба го коментираа легенди како Алан Ширер, Гери Линкер и Џими Флојд Хаселбанк.

„Многу сум изненаден што останатите играчи сметаа дека е доволно константен за да добие место во најдобрите 11. Треба да се почитува се што направил во кариерата, но Погба не беше константен колку што требаше да биде“, изјави Ширер.

„Погба е одличен играч, нема сомневање дека поседува голем квалитет. Во некои натпревари оваа сезона беше феноменален. Сепак, мислам дека не требаше да се најде во составот затоа што формата не му беше доволно константна, посебно беше лош во делот на Мурињо“, смета Линкер, а Хаселбак кратко порача:

„Неговата индивудална вештина е одлична, но сигурно не требаше да се најде во најдобрите 11 во сезоната“.

Најдобриот тим во Премиер лигата според Здружението на професионални фудбалери изгледа вака:

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Азар заминува: Познато кој ќе биде нова „десетка“ во Челзи

Еден Азар после одигрувањето на финалето во Лига Европа готово сигурно ќе го напушти Челзи…