Дома Фудбал Англичаните ја слават одлуката на властите, спектакл на Олд Трафорд пред навивачи!

Англичаните ја слават одлуката на властите, спектакл на Олд Трафорд пред навивачи!

Велика Британија излегува од националниот карантин, па премиерот Борис Џонсон порача дека во одредени мери се враќа публиката на спортските терени.

За почеток таа бројка ќе биде максимално 4.000 во областите од прва категорија, 2.000 во областите од втора, додека во ризичните области вратите на стадионите ќе бидат затворени.

Интересно е што на 2. декември, кога се враќаат навивачите на трибините, Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд ќе го пречека ПСЖ.

Така, фудбалскиот спектакл ќе можат да го следат околу 4000 навивачи. Да, малку е со оглед на големината на култниот стадион во Манчестер, но подобро нешто отколку ништо.

Се претпоставува дека со тек на време тој број ќе се зголеми и наскоро на трибините на стадионите во Англија ќе има по 20-25.000 навивачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Вардар до европскиот врв: кариерата на Панчев во нов мини-документарец

Хрватска продукција ја раскажува фудбалската приказна на Дарко Панчев, од скопските почето…