Дома Фудбал Англија Англичаните ги поместуваат границите со ТВ преносите: Влегување во соблекувалните, изјави и публика од ФИФА?

Англичаните ги поместуваат границите со ТВ преносите: Влегување во соблекувалните, изјави и публика од ФИФА?

Денес се појавија информации како би требало да изгледаат ТВ преносите до крајот на сезоната која во Премиер лигата ќе биде одиграна без публика.

Еден од главните ТВ канали кои ќе вршат пренос на натпреварите ќе биде „Скај Спорт“, а токму оваа ТВ куќа има еден интересен предлог.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, тие предложиле опција за „лажна публика“, нешто што слично како со каронските кутии во Бундеслигата само што тие отидоа чекор подалеку.

Така предложуваат за секој натпревар да имаат два канали, еден со „лажна публика“ и еден без, поточно каде што ќе се слуша само коментаторот и играчите. Ефектите на лажната публика како што пишуваат англиските медиуми ќе бидат превземени од популарната видео игра ФИФА 20.

Освен тоа предложено е на полувреме да се даваат одредени изјави во програма во живо и камерманите да имаат пристап во соблекувалните. Секако, при сите овие новитети би морало да се почитува првилото на социјално дистанцирање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…