Дома Останати Англиски новинар застана во одбрана на руските спортисти: Зошто не суспендиравме Американци?

Англиски новинар застана во одбрана на руските спортисти: Зошто не суспендиравме Американци?

Војната во Украина директно се одрази и на спортот, па во претходните денови санкции беа воведени и за руските спортисти.

Голем број спортски организации решија да им забранат на руските клубови и репрезентации да се натпреваруваат, што предизвика голема полемика.

Англискиот новинар Бен Рамзби на „Дејли Телеграф“ застана во одбрана на руските спортисти.

„Тоа што УЕФА исфрла руски клубови од европско натпреварување делува чудно. Зарем не ви изгледа дека тие одлуки нема да ги спречат руските играчи да играат во Европа за други клубови. Зошто не исфрлувавме Американци досега?“, прашува Бен Рамзби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Три светски злата за Хрватска: Во Риека медали во шест од седум дисциплини

Хрватските бочари го завршија домашното Светско првенство со шест одличја, а Марино Милиќе…