Дома Фудбал Англија Англиските новинари го избраа фудбалерот на сезоната во Премиер лигата

Англиските новинари го избраа фудбалерот на сезоната во Премиер лигата

Фил Фоден е играч на сезоната во Премиер лигата во изборот на англиската асоцијација на новинари.

Англискиот репрезентативец освои 42% од гласовите меѓу скоро 900 членови од здружението. Главни конкуренти на Фоден му беа Даклан Рајс од Арсенал и неговиот соиграч од Манчестер Сити, Родри.

Подолу на листата завршија Кол Палмер од Челзи, Оли Воткинс од Астон Вила и Мартин Одегард од Арсенал.

Сезонава Фоден одигра 48 натпревари во кои постигна 24 гола и подели десет асистенции. Оваа награда во минатата сезона ја освои Ерлинг Халанд, а за 23-годишниот Фоден ова е прва ваква во кариерата.

Во женска конкуренција наградата ја освои Бани Шо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер му ја даде најубавата ноќ во кариерата, а сега му доаѓа во Мадрид: Мурињо ги исклучи емоциите!

Ждрепката за Лигата на шампиони се погрижи за еден од најемотивните натпревари во кариерат…