Дома Фудбал Лига на шампиони Англиските клубови се омилена мета на Лионел Меси

Англиските клубови се омилена мета на Лионел Меси

0

Ждребот во Нион го кажа своето, а со сигурност најголемо внимание привлекува двомечот помеѓу Манчестер Јунајтед и Барселона.

Откако сензационално го елиминираа Пари Сен Жермен во осминафиналето сега пред Манчестер Јунајтед е нова тешка задача – силната Барселона предводена од чудесниот Лионел Меси.

Судбината на Манчестер Јунајтед во претстојниот двомеч во четвртфиналето од Лигата на шампионите веројатно најмногу ќе зависи од тоа колку „црвените ѓаволи“ ќе успеат да го запрат Лионел Меси.

Пред нив е неверојатно тешка задача доколку се земе во предвид статистиката на Меси против англиските клубови кои најмногу му „лежат“.


Следете го Sportski.mk и на


Јасно е дека на тимот на Солскјер не му се пишува добро ако Норвержанецот не пронајде начин да го запре Аргентинецот, а тоа сигурно не е лесна работа. Некои ќе кажат и дека кога Меси е расположен не постои одбрана која може да го запре.

Она од што треба да стравуваат „црвените ѓаволи“ е следново – Лионел Меси против англиските клубови постигнал дури 22 погодоци, голгетерско салдо кое е поголемо од било која друга „нација“.

Меси головите против англиските клубови ги распореди на следниов начин: Девет против Арсенал, шест против Манчестер Сити, против Челзи три, а по два постигнуваше против Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Останува да видиме каков ќе биде епилогот од новиот спектакл кој ќе ни го приредат овие два европски гиганти.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Кек: Македонија е многу активна и воиграна

Македонската фудбалска селекција вечерва на гостувањето кај Словенија освои значаен бод во…