Дома Фудбал Англија Англиската легенда: Сон глумеше со реакцијата после повредата на Гомеш

Англиската легенда: Сон глумеше со реакцијата после повредата на Гомеш

Сон Хеунг Мин емотивно ја доживеа тешката повреда на Андре Гомеш кој по неговиот старт заработи тешка скршеница.

Играчот на домаќините тргна во продор на противничката половина на теренот, а потоа Сон од зад грб му стартуваше и го турна во својот соиграч Серж Орирер.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Кореецот поради овој старт заработи црвен картон, но очигледно е дека немаше намера да го повреди Португалецот. Сон шокиран и во солзи го напушти натпреварот, а и тренерот Маурисио Покетино потврди дека е многу потресен.

Сепак, во реакцијата на Сон не верува поранешната ѕвезда на Нотингем Форест и Ливерпул, Стен Колмор.

„Не велам дека не требаше да покаже вознемиреност или нормални човечки емоции. Сон направи реакција за судиите и навивачите да гледаат на него како жртва, иако беше очигледно дека не го повреди намерно Гомеш. Веќе подолго време ми пречи тоа што некои играчи и тренери покажуваат претерани емоции поради страв од казната која може да ја добијат. Денес фудбалерите како намерно да глумат во таквите ситуации“, изјави Колмор за „Мирор“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пикси мотивиран: Зошто да се плашиме? – Ќе ја нападнеме Англија!

Вечерва репрезентацијата на Србија ќе го игра својот прв натпревар на Европското првенство…