Дома Фудбал Ангеловски: Секогаш е тешко да се победи убедливо, против било кого

Ангеловски: Секогаш е тешко да се победи убедливо, против било кого

Репрезентацијата на Македонија денес забележа убедлива победа против Лихтенштајн од 5:0.

Селекторот секако беше задоволен по победата.

„Го остваривме она што го посакувавме, дојдовме до висока победа. Секогаш е тешко да се победи убедливо против било кој противник. Во ниту еден момент победата не беше доведена во прашање. Пред овој натпревар имавме две важни цели, првата да дојдеме до поубедлива победа, а втората да ги одмориме играчите за со Германија. Денес сум задоволен од реализацијата, иако можевме да постигнеме уште некој гол“, изјави Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брезовски прв излезе од водата, а олимпискиот триатлон го заврши како 24-ти

Марио Брезовски го освои 24. место меѓу 36 учесници на Младинските олимписки игри во Сенег…