Дома Фудбал Останато Ангеловски откри: Му понудив загарантирано место на Кулушевски, но…

Ангеловски откри: Му понудив загарантирано место на Кулушевски, но…

Селекторот на македонската репрезентација во ТВ интервју откри дека му побудил на Кулушевски да игра за македонската репрезентација.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кулушевски е роден во Шведска, но има македонско потекло и играше за нашата репрезентација до 17 години.

Тој денес е една од најголемите ѕвезди во Серија А и за 35 милиони евра го засили италијанскиот шампион Јувентус.

„Кулушевски играше за нашата репрезентација до 17 години. Имав состанок со него и неговиот родител во Охрид, му понудив да игра за сениорската репрезентација на Македонија. Мислеа дека тој предлог е несериозен, но јас бев упорен, им кажав дека ќе ја испратам понудата до Аталанта“, открива Ангеловски.

„Таткото јасно кажа дека синот сака да игра за У19 селекцијата на Шведска, која требаше да настапи на Европското првенство и дека потоа можеме да разговараме. Повторно му гарантирав место во А-репрезентацијата, но добив одговор дека неговата одлука е да игра за Шведска. Како селектор јас го направив тоа што требаше, пред да стане она што е денес му понудив да игра за Македонија. Негово право е да избере и да донесе одлука“, додаде Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…