Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски: Да го наполниме стадионот во чест на Пандев

Ангеловски: Да го наполниме стадионот во чест на Пандев

0

Денес селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го објави списокот за натпреварот на нашата селекција против Летонија и Словнија во рамките од квалификациите за Европското првенство во 2020.

Во составот како што се очекуваше од претходно го нема Арјан Адеми кој мораше да оди на операција, но тука се Стефан Спировски и Иван Тричковски за кои настапот се уште е под знак прашалник. Повратници во репрезентацијата се Кире Маркоски, Дарко Чурлинов и Дарко Велковски

Собирот на репрезентацијата на Македонија е закажан за 18 март во 12:00 часот во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје.

За македонската фудбалска икона Горан Пандев ова ќе биде 100-ти натпревар во националниот дрес и тој е само вториот фудбалер кој стигнал до троцифрен број настапи, првиот е Гоце Седлоски.

„Како што кажав и претходно не сакам да менувам многу затоа што мислам дека сме добро воиграна репрезентација. Фокусирани сме на првиот натпревар против Летонија која има нов селектор и нивните фудбалери претежно доаѓаат од домашното првенство. Пред нас е доволно време добро да се подготвиме и да ги започнеме квалификациите со победа“, изјави селекторот, а потоа зборуваше за 100-тиот настап на Горан Пандев.

„Горан Пандев е големо име, тој е најдобриот македонски фудбалер на сите времиња. Сите знаеме што направил. Ја повикувам публиката да дојде на стадион и да го поздрави Пандев. Кога може во Италија да го поздрават 80.000 луѓе зошто ние да не можеме да го наполниме стадионот во негова чест“, повика Ангеловски.

Натпреварот со Летонија ќе се игра на 21 март во Скопје, а три дена подоцна и гостуваме на Словенија.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Да не е трагично би се насмеале: Најстариот македонски клуб не одржа тренинг поради – овци! (ФОТО)

Сакаме подобар фудбал, но оваа ситуација која денес ја објави најстариот македонски клуб н…