Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски го објави списокот за натпреварите со Полска и Австрија (ФОТО)

Ангеловски го објави списокот за натпреварите со Полска и Австрија (ФОТО)

0

Денес селекторот игор Ангеловски го објави списокот за двата квалификациски натпревари за ЕП2020 кои ги играме на 7-ми и 10-ти јуни против Полска и Австрија .

На списокот нема изненадувања и се најдоа 23 играчи кои две години се дел од македонската репрезентација.

Иако се повредени на списокот се најдоа Илија Несторовски, Александар Трајковски и Егзијан Алиоски, а дали ќе играат останува да видиме. Треба да се спомене и дека не е сигурно дали ќе може да игра и Дарко Велковски кој ја пропушти завршницата од сезоната во Риејка поради повреда на мускулот.

На списокот не се најдоа повредените Спировски и Тричковски.

Како повратник во репрезентација е Марјан Радески.

Ќе потсетиме Македонија после две одиграни кола има четири освоени бодови во групата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Пандев и Барди може да го стават Ангеловски на дополнителни маки

Репрезентацијата на Македонија утре од 20:45 часот ќе го игра натпреварот на „Ернест Хапел…