Дома Фудбал Аморим пристигна во Манчестер, Ван Нистерлој си замина🎥

Аморим пристигна во Манчестер, Ван Нистерлој си замина🎥

Рубен Аморим, новиот тренер на Манчестер Јунајтед пристигна во тренинг центарот Карингтон каде се сретна со стручниот штаб на клубот.

Португалецот околу 15 часот пристигна на аеродромот во Манчестер со своите соработници.

Аморим имаше разговар Ван Нистелрој и донесе одлука Холанѓанецот да не биде дел од неговиот стручен тим. Иако имаше најави дека можеби Ван Нистелрој ќе остане, на крајот сепак е донесена поинаква одлука.

Манчестер Јунајтед со официјално соопштение му се заблагодари на Ван Нистерлој и објави видео од доаѓањето на новиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ се поврзува со 200 милиони за Ѓулер, но приказната има голем прашалник

Нови тврдења за одбиен договор со Реал и огромен интерес од Париз се спротивни на претходн…