Дома Останати Кошарка НБА Американци, ви требаат ли уште докази дека направивте една од најголемите неправди со Дончиќ!?

Американци, ви требаат ли уште докази дека направивте една од најголемите неправди со Дончиќ!?

0

Словенецот во последната ноќ го сруши тимот на Портланд и така продолжи да ги воодушевува сите љубители на кошарката.

После неверојатната сезона во дресот на Реал Мадрид со кој освои се и ги собра сите индивидуални награди, а летото претходно освои злато со Словенија на Евробаскетот, Дончиќ пристигна во НБА.

Се очекуваше од него многу во НБА, но никој не можеше ниту да претпоставува дека Дончиќ ќе стане лидер на Далас и ќе биде еен од највалијателните и најдобрите играчи на Западот.

Малку недостасуваше да се најде и на „Ол Стар“ викендот, му недостасуваа само шест гласа од тренерите и играчи, додека повеќе од четири милиони фанови гласаа за него.

Меѓутоа Словенецот тоа не го разочара и продолжи да руши рекордите. Против Портланд Дончиќ стана првиот играч во НБА лигата кој на 19 години постигнал повеќе од 1100 поени до „Ол Стар“ паузата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Џејмс Харден делеше пари на Бахамите кога виде дека децата ловат риба за да се прехранат (ВИДЕО)

Aсот на Хјустон во хуманитарна мисија. Џејмс Харден не одговори на повикот на Грег Попович…