Дома Останати Кошарка Американците го истурија бесот од стартниот пораз: Иран прегазен со 54 поени разлика!

Американците го истурија бесот од стартниот пораз: Иран прегазен со 54 поени разлика!

Кошаркарската репрезентација на САД дојде до првата победа на Олимписките игри во Токио.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Откако во првото коло беа поразени од Франција, Американците немаа проблеми против селекцијата на Иран и ја разбија оваа селекција со 120:66. Тимот на Грег Попович доминираше од првата минута во овој натпревар. После 10 минути игра веќе беше 28:12, а до полувремето предноста на САД изнесуваше и 30 поени (60:30).

И во второто полувреме работите не се променија, Американците доминираа на паркетот и беше само прашање со каков резултат ќе заврши овој натпревар. На крајот тие славеа со 54 поени разлика.

Лилард ги предводеше Американците со 21 поен, додека кај Иран најефикасен беше Хамед Хадади со 15 поени.

Во последното коло од групната фаза САД ќе игра против Чешка, додека Иран оди на дуел со Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Сцените од Белград покажуваат колку голем беше Един Авдиќ!

Спортската заедница во регионот ја затекна веста за трагичната загуба на добро познатиот к…