Новак Ѓоковиќ изминатата вечер ја освои својата 39. титула на Мастерс турнриите откако во драматично финале го победи Карлос Алкараз.
Српскиот тенисер славеше по борба која траеше скоро четири часа, ова беше најдолгиот меч одигран во историјата на Синсинати. По триумфот на Ѓоковиќ се огласи и поранешната австралиска тенисерка, Рене Стабс која иако му честиташе на Ѓоковиќ, истакна и дека според неа победничкиот поен не е регуларен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стабс смета дека имало нец при сервисот на Ѓоковиќ по кој топчето по ударот на Алкараз заврши во аут.
„Неверојатен меч! Неверојатно, но јас сум сигурна дека беше „нец“. Слушајте го звукот по сервисот на Ѓоковиќ и гледајте ја реакцијата на Алкараз. Ништо не му одземам на Ѓоковиќ, но е глупаво ако е вистина“, искоментира Стабс.
Unbelievable match! Unbelievable but I’m fairly certain there was a let on MP! Take a listen and watch Carlos reaction. Not taking it away from Novak, what an effort but man sucks if it’s true. pic.twitter.com/BRMKLXevFM
— Rennae Stubbs 🟦👍🏼 (@rennaestubbs) August 21, 2023