Дома Фудбал Репрезентации Американките на Светското првенство победија со 13:0! (ВИДЕО)

Американките на Светското првенство победија со 13:0! (ВИДЕО)

Со натпреварот помеѓу Франција и Јужна Кореја во петокот официјално започна Светското првенство за жени.

Првенството се игра во Франција, а за титулата се борат 24 репрезентации распоредени во групи од А до Ф. Во втората рунда ќе се пласираат по две најдобри екипи од секоја група, плус четирите најдобри третопласирани селекции.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Со вчерашниот ден беше комплетирано првото коло во групите, а секако главна тема во досегашниот дел од турнирот евчерашниот натпревар помеѓу САД и Тајланд.

Имено, Американките во тој натпревар славеа победа со неверојатни 13:0, а се истакна Алекс Морган која постигна пет гола. По два постигнаа Лавела и Мевис, додека еден гол постигнаа Хоран, Рапиона, Пуг и Лојд.

https://youtu.be/NVhPJWHIZZc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…