Дома Фудбал Германија Аматерска грешка: Челниците на Баерн бесни поради објавените фотографии од потпишувањето на Сане

Аматерска грешка: Челниците на Баерн бесни поради објавените фотографии од потпишувањето на Сане

На Твитер вечерва се појавија фотографии од Сане како потпишува договор со Баерн и се слика во дресот на германскиот првак.

Баерн на својата официјална страна се уште не потврдил дека Сане потпишал за клубот, па настана вистинска забуна кога на Твитер се појавија фотографии на Германецот во дресот на баварскиот клуб.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


На многумина им беше чудно како фотографиите излегле во јавност, а Баерн се уште не го потврдил трансферот. Меѓутоа, Билд објасни до како дошло до таа аматерска грешка.

Имено, фотографиите ги објавиле од арапската страна на Баерн, а поради тоа челниците на клубот биле бесни. Фотографиите биле брзо избришани, но веќе било доцна бидејќи се прошириле на социјалните мрежи.

Наводно, планот на Баерн бил овој трансфер да биде претставен утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Мемфис Депај и хотелска соба од 40.000 евра месечно

Бразилскиот Коринтијанс западнал во големи долгови поради лошо направениот договор со позн…