Дома Македонски спорт Мак ракомет Алушовски: Вардар не случајно беше во егал 52 минути во Скопје, очекувам добар меч

Алушовски: Вардар не случајно беше во егал 52 минути во Скопје, очекувам добар меч

Вечерва Вардар во рамките од Лигата на шампионите ќе гостува кај Кјелце.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Минатата недела Кјелце победи во Скопје со 33:29, меѓутоа на теренот избраниците на Стевче Алушовски беа рамноправен противник и покажаа дека можат да се надигруваат.

„Го чекаме реваншот со Кјелце во Полска. Ги анализиравме нивните добри страни и пред мечот во Скопје, сега имавме четири дена да видиме каде грешевме и што може да се поправи. Секако дека има простор за напредок посебно во нашата игра во одбрана. Знам дека нашите голмани можат многу повеќе од она што го видовме во Скопје. Очекувам еден добар натпревар во кој ќе покажеме дека не е случајност што Вардар освои три бода до сега во ЛШ и што 52 минути беше во егал со Полјаците во Скопје. Без шанси не сме сигурно“, изјави Алушовски.

Фото: Денис Дуковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Словачка доживеа потоп во Скопје, Македонија ќе игра уште еден Мундијал!

Maкедонската ракометна репрезентација не дозволи никакво изненадување и со уште поубедлива…