Дома Останати Тенис Алкараз по шокантниот пораз си призна: Моите шанси да бидам број еден се – „нула“!

Алкараз по шокантниот пораз си призна: Моите шанси да бидам број еден се – „нула“!

Веројатно никој не очекуваше дека Карлос Алкараз ќе го освои Вимблдон, но уште помалку очекуваа дека по подвигот на Лондон нема да освои ниту една титула.

Сепак, токму тоа и се случи, а како што сезоната се приближува кон крајот, Шпанецот игра се послабо и послабо…Поразот во феноменалното финале против Новак Ѓоковиќ во Синсинати како целосно да го исцрпи.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Следуваа полуфиналињата во Њујорк и Пекинг, осминафиналето во Шангај, повлекувањето од Базел и вчера во Париз вториот најтежок пораз сезонава кога е во прашање рејтингот на противникот.

Русинот Сафјулин е 45-ти во светот и само Унгарецот Марожан (135) беше послаб кога го совлада во Рим.

„Сезоната е долга и тоа влијае на мојата игра. Веројатно затоа на овој турнир секогаш има многу изненадувања. Морам да најдам начин да играм подобро на крајот од сезоната во иднина“, смета младиот тенисер.

По овој пораз Алкараз не верува дека има шанси да го симне Ѓоковиќ од првата позиција до крајот на годината.

„Моите шанси за број 1 до крајот на годината се „нула“. Нема веќе ни да размислувам за тоа. Многу боли кога губиш на стартот, а се надеваш на многу повеќе“, призна Алкараз.

Ѓоковиќ сега е на чекор да надмине 400 недели на врвот на АТП листата, во овој момент е на 397-та недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Големо изненадување: Ѓоковиќ не е прв фаворит за освојување на Ролан Гарос!

Според светските обложувалници, Новак Ѓоковиќ во овој момент иако е на врвот на АТП листат…