Дома Македонски спорт Алиоски: Респект за секој кој што е тука, не е лесно после толку натпревари да играте и пријателски

Алиоски: Респект за секој кој што е тука, не е лесно после толку натпревари да играте и пријателски

Македонската фудбалска репрезентација во текот на оваа недела ја очекуваат два пријателски натпревар против Финска и Азарбејџан.

Репрезентативците во хотелот „Хилтон“ се собраа вчера кога го одработија и првиот тренинг, утрово на програмата беше и вториот. Изјава за медиумите за време на тренингот даде фудбалерот на Фенербахче Езгјан Алиоски.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


„Не е лесно после сите мечеви кои ги имавме изминатиов период, уморни сме, но најважно од сè е да нема повреди. Овие пријателски мечеви се важни за нас, сакаме да победиме. Неважно е каков меч е, пријателски или квалификациски, секогаш сакаме позитивен резултат. Неважно е и на кој ранкинг сме, зашто денеска нема фаворити, туку само треба да веруваме во себе и да се трудиме секогаш да направиме подобри резултати“

Алиоски порача дека секој кој што е на овој собир заслужува респект со оглед на густиот распоред кој го имаа фудбалерите поради Светското првенство во Катар.

„Знаеме каков квалитет имаме, мора секогаш да бидеш на врвно ниво, но респект за секој што дојде да игра, после овој распоред на мечеви – уморни. Треба многу дисциплина и треба да се најде мотивација, затоа велам респект за секој што доаѓа да игра за репрезентацијата, зашто не е лесно да дојдеш после толку мечеви да играш пријателски мечеви. Но тоа е фудбалот, го сакаме ние и затоа сме тука“

Првиот натпревар го играме против Финска за два дена (четврток) од 18:00 часот, дека Азербејџан ни гостува во недела од 20:00 часот. Билетите за двете средби се веќе пуштени во продажба и се по цена од 150 и 200 денари (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Нов кикс на Баерн, само реми против Фрајбург

Баерн Минхен освои само бод на гостувањето кај Фрајбург (2:2) и со тоа ја продлабочи криза…