Дома Фудбал Англија Алиоски во Лидс добива газда кој од клубот може повторно да направи гигант?

Алиоски во Лидс добива газда кој од клубот може повторно да направи гигант?

0

Тимот на Лидс Јунајтед за кој настапува македонскиот фудбалер Езџјан Алиоски наскоро би можел да стане клуб со многу поголеми амбиции.

Андреа Радризани разгледува понуди кои би можеле да го лансираа Лидс во самиот врв на англискиот фудбал.

Една понуда пристигнаа од Катар Спортс Инвестмент (КСИ) групата која е предводена од Наер Ал Келаифи газдата на ПСЖ.

„Бев во контакт со 20 заинтересирани страни, а избрав три“, изјави Радризани за „Тајмс“.

Најреалното сценарио е Лидс да заврши во сопственост на КСИ. Ќе потсетиме и во текот на летото се шпекулираше дека Ал-Келаифи е заинтересиран да го купи Лидс.

„И КСИ и Насер ни се пријатели, имаме добар однос со луѓето од кај нив. Тие имаат можност да го одведат клубот на едно повисоко ниво. Со нив Лидс би бил конкурентен за самиот врв во англискиот фудбал“, додал Радризиани.

На крајот тој истакна дека него најважно му е да пронајде инвеститор кој од Лидс повторно ќе направи голем клуб.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо ќе го напушти Јувентус доколку биде казнет!?

Главна тема во италијанските медиуми е скандалот кој го направи Кристиано Роналдо за време…