Јувентус денеска го пречекува Јанг Бојс во ЛШ и има прилика да запише нова, втора победа.
Иако го нема суспендираниот Кристијано Роналдо, Старата дама е голем фаворит, но тренерот Алегри со голем респект зборуваше за Швајцарците.
Коментари

„Мораме да го почитуваме Јанг Бојс, кој има одличен тренер и оствари доста победи оваа сезона. Играат добро на долги топки и физички се доминантни. Мораме да бидеме претпазливи.“ – изјави Алегри и додаде:
„Не ми се допаднаа последните 20 минути против Наполи. Престанавме да трчиме и дозволивме шанси, а утре мора тоа да го елиминираме и да освоиме нови три бода.“
Бјанконерите оваа сезона славеа во сите натпревари, а во првото коло во ЛШ ја победија Валенсија во гости со 2:0.
Масимо Одо смета дека Франческо Камарда требало постепено да се пробива во сениорскиот фуд…
Масимо Одо смета дека Франческо Камарда требало постепено да се пробива во сениорскиот фудбал, по примерот на Пио Еспозито.