Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри комплетно ги загуби нервите после досудениот пенал против неговиот тим во 93-та минута против Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Камерите го фатија како се расправа со капитенот на „кралевите“ Серхио Рамос, кој во тој момент беше блиску до тунелот и ги следеше случувањата на теренот.
Алегри и Рамос влегова во жестока вербална расправија, а после мечот тренерот откри и детали од расправијата.
„Рамос ми рече дека било чист пенал, а јас му реков дека иста ситуација имаше и во првиот меч за нас. Меѓутоа, тогаш судијата наместо пенал свирна крај на мечот. Рамос не ме разбра што му зборѕвам и повеќе не кажа ништо“, откри Алегри.