Дома Останати Ракомет Алборг го изненади Кил, Кјелце ја доби Барселона

Алборг го изненади Кил, Кјелце ја доби Барселона

Aлборг ја прекина серијата од два порази и славеше против Кил со 35:33 со што освои два бода со кои се вклучи во борба за првите две позиции во групата.

Двете екипи играа одличен ракомет, а на полувреме данскиот тим водеше со 17:16. Кил не дозволи ривалот да се одлепи и врати резултатската неизвесност откако претходно Алборг водеше и со 16:13.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кил не дозволуваше ривалот да се одлепи, меѓутоа немаше сила за целосен пресврт. Констатно Алборг водеше со 2-3 разлика, во еден момент ги имаше и највисоките плус четири на натпреварот. Конечниот резултат на крајот гласеше 35:33. Најефикасен беше Кристенсен со девет гола, додека кај Кил Екбер и Зарабец имаа по пет.

Барселона одлично започна против Киелце имаше предност во првото полувреме, но во второто Кјелце влезе во ритам и со серија од 6:0 го реши натпреварот во своја полза (29:27). Арино кај Барселона постигна пет гола, додека Душебаев беше стрелец на осум гола кај Кјелце.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Трагична вест ја потресе спортската јавност: Брутално убиена словачка ракометарка

Словачката јавност ја потресе трагичната вест за смртта на ракометарката Синтија Симсик, к…