Дома Фудбал Алаба пристигна во Мадрид, трансферот пред реализација

Алаба пристигна во Мадрид, трансферот пред реализација

Давид Алаба пристигнал во Мадрид за да го финализира трансферот во Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алаба најпрво ја посетил клупската база и почнал да бара куќа во шпанската престолнина.

Медиумиуте тврдат дека неговиот трансфер во Реал Мадрид ќе биде официјализиран во четврток или петок.

Како што е познато, 28-годишниот Алаба одби да го продолжи договорот со Баерн Минхен и како слободен агент ќе потпише за „кралевите“.

Се очекува да стави потпис на 5-годишен договор според кој ќе заработува 12 милиони евра по сезона.

Алаба е поливалентен фудбалер, може да игра на повеќе позиции во тимот, па сигурно ќе биде големо засилување за Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо „лајкна“ објава во која се критикуваат ФИФА и УЕФА

Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието, но овој пат не заради наст…