Како што пренесуваат медиумите во Италија, Наполи летоска ќе направи вистинска револуција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Наводно, ќе бидат продадени четири, можеби моментално најдобрите играчи во екипата, а тоа се Кулибали, Алан, Милик и Гулам.
Италијанците пренесуваат дека Гатусо е подготвен за реконструкција на екипата, па се очекува со продажбата на овие играчи да заработи околу 200 милиони евра.
За Кулибали се заинтересирани Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Ливерпул. Со неговата продажба Наполи треба најмногу да заработи, односно околу 90 милиони евра.
Останатите три играчи би требало да чинат околу 110 милиони евра, што е сосема доволно за реконструкција на екипата.