Дома Фудбал Италија Ако Пирло стане тренер тоа ќе биде поради – Антонио Конте

Ако Пирло стане тренер тоа ќе биде поради – Антонио Конте

Поранешниот репрезентативец и легенда на Италија, Андреа Пирло не ја отфрла можноста да стане тренер во иднина, а доколку тоа се случи тоа ќе биде поради Антонио Конте.

Пирло во својата кариера го носеше дресот на Интер, Милан и Јувентус, подоцна премина во МЛС лигата за во 2017 година да ја заврши големата кариера поради која ќе остане забележан како еден од најдобрите и најинтелигентните играчи за врска во историјата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во разговор за реномираниот италијански весник „Газета дело Спорт“ Пирло откри дека многу должи на Антонио Конте со кого соработуваше во Јувентус.

„Многу од моите поранешни соиграчи станаа тренери, а јас? Сите мои соиграчи не сакаа да работат како тренери, но на крајот голем дел од нив го променија мислењето. Јас во овој момент не размислувам за тоа, но ќе почнам да работам на тоа бидејќи добивањето лиценца е голема работа“.

„Антонио Конте во Јувентус со својата опсесија и констатно гледање видеа и анализирање на противникот ми покажа дека е голема работа да се биде тренер“, изјави Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вести од Мадрид го „затресоа“ Франција: Поради Килијан Мбапе сè паднало во втор план

Реал Мадрид ги разочара своите навивачи за викендот бидејќи во гостувањето кај Бетис освои…